За Организацијата
МЕСА е организација на ентузијасти со искуство во електронските спортови. Основана со мисија за промовирање на електронските спортови во Македонија и унапредување на македонската еспорт заедница преку редовно организирање на настани и турнири.
МЕСА се стреми да го воздигне е-спортот до наредното ниво, да ја пласираме Македонија на светската сцена и да им се даде шанса на нашите е-атлети да бидат видени на истата. Да создадеме околина која може да негува нови таленти и да даде шанса на ветераните. При извршувањето на нашите активности и исполнувањето на нашите цели секогаш практикуваме транспарентност, кооперативност, еднаквост, непристрасност, одговорност и инклузивност.
Историја
Македонската еспорт асоцијација-МЕСА која пред само две години беше идеја која делуваше далеку од реализирање, сега е овозможено и официјално. Согледувањето од потребата да постои ваков вид на организација е остварена со создавање на МЕСА, а со тоа е овозможено сите постоечки и идни генерации на „гејмери“да се стремат кон остварување на своите желби и реализирање на идеите. Со тоа во нашата држава се создаваат реални можности кои веќе одамна постојат надвор од нашата земја.
После извесен период, во декември 2019 „МЕСА“ официјално стана првата македонска еспорт организација. Меѓу најзаслужните за ова да се изведе се основачите Константин Пејоски, Александар Пауноски и Дарко Никодиновски. Меса како македонска еспорт организација има за цел и задача афирмација и популаризација на електронските спортови во Македонија на кои што во изминатиот период недоволно се посветуваше внимание, па со таа цел МЕСА ќе завземе голем удел во тоа.
Македонската еспорт асоцијација е основана за да ги подобри условите во Македонија на електронските спортови, начинот на кој тие се интерпретираат и транспарентно и одговорно да работи во корист на е-спорт заедницата, како и залагање за поддршка на талентираните сегашни и идни играчи.