Preloader Image

Quarantine Online Tournament Vol.2

##MESA

По првото успешно издание на нашиот Quarantine Online Tournament, проследивме со уште еден онлајн настан со цел да придонесеме за домашниот еспорт и покрај вонредната состојба.
Настанот инволвираше по барање на македонската еспорт сцена компететивен турнир на познатата FPS видео игра Counter Strike: Global Offensive, во која македонските тимови повторно имаа шанса да ги тестираат своите знаења.
Најдобрите тимови на настанот беа наградени со вкупен износ од 1000 евра во вредни ваучери и геминг опрема! Бројни подароци беа доделени и на нашите лојални гледачи кои секојдневно го следеа настанот на нашиот Тwitch канал.
Огромни честитки до тимот на Godz1337, кои го победија тимот на RIPаrchi во финалето и го освоија првото место. За останатите, ве охрабруваме да продолжите да ги усовршувате вашите вештини и да учествувате во сите наши идни настани. Со доволно тренинг и труд, првото место е секогаш на дофат!
Со наше огромно задоволство демонстрираме дека видео игрите се одличен извор на забава преку кои луѓето се поврзуваат, без разлика на нивната возраст или други карактеристики.
Повторно упатуваме голема благодарност до нашите поддржувачи и пријатели кои без нивната помош овој настан не би можел да се реализира: EU House, Neotel, Нексио Комјутери, GGTVMK, Pizza Jakomo;

Статистика за Настанот

игри

1

Посетеност

1,000+

Натпреварувачи / Тимови

200+ / 40+

Награден Фонд

1000+

Галерија

Social