Preloader Image

Венцислав Козаровски

CS:GO
Следи не:
Македонец
Националност
20
Возраст
Кастер
Позиција

Кратка Биографија

Најмладиот член во Македонската Еспорт Асоцијација роден на 11.03.2001 година, има завршено средно образование во СУГС Јосип Броз-Тито, каде своето високо образование го продолжува на Правниот факултет Јустинијан Први, во областа на правни студии.
Започнува со кошарката како хоби кое подоцна станува професионално, и како замена за хоби го пронаоѓа гемингот. Уште од најмладите години започнува со една од најпознатите FPS игри а тоа е Counter Strike, кој понатака се запознава со една од најголемите MOBA игри League of Legends. Со појавата на новиот фронт од Battle Royale игрите (H1Z1,PUBG,Fortnite,Apex Legends,Warzone) тоа е тотално нов хоризонт за него, каде што само еден е на врвот односно само еден може да биде победникот, од таму се појавува неговата компететивна страна кон еспортот, исто така зад себе има одлични коментаторски способности од кои можеме да одвоиме А1 game fest 2020, турнирот на факултетот за електротехника и информациски технологии “ФЕИТ” организиран од страна на МЕСА и настан со физичко присуство за 2021 година организиран од страна на Меса, Summer Jam.
Со својата пасија и желбата за развивање на еспортот тој сака да ги поттикне младите да не се откажуваат од своите зацртани идеи и замисла, да ги прошируваат своите знаења во областа на гемингот, и воедно да се доведе еспортот во нашата држава на едно повисоко ниво, односно професионално ниво.

Social