Preloader Image

Момчило Деловски

ПР и ком. менаџмент
Следи не:
Македонец
Националност
26
Возраст
ПР и ком. менаџмент
Позиција

Кратка Биографија

Момчило Деловски роден 1995 година во Скопје. Високото образование го почнува на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, каде што ги изучува Односите со јавност. Во текот на студиите започнува пракса во една од најетаблираните македонски агенции за Односи со јавност и комуникациски менаџмент каде и продолжува активно да работи по завршетокот на првиот циклус студии. Дипломира на Правниот Факултет во 2019-та година и се стекнува со титулата Менаџер за односи со јавност, а во тек се магистерските студии во сегментот на Корпорациски комуникации.
Гемингот го започнува од рани години и главно се фокусира на видео играта Counter Strike, која ја игра полу-професионално со настапи на голем број локални турнири. Љубовта кон гејмингот и еспортот не сопира кај Counter Strike, активно игра и следи голем број на видео игри меѓу кои: Dota 2, PUBG, World of Warcraft, Warframe, Call of Duty и останати. Поради големата пасија кон електронските спортови одлучува да се приклучи на Македонската Еспорт Асоцијација и заеднички да ги постават темелите на еспортот во Македонија.

Social