Кратка Биографија
Константин Пејоски роден во Скопје на 18.09.1993. Тој е еден од основачите а воедно и претседател на Македонската еспорт асоцијација – “МЕСА”. Започнувајќи пред повеќе од 15 години со сериозен пристап тој остава голем траг на еспорт сцената. Од тогаш се има стекнато со големо искуство како и бројни успеси. Во 2015та година станува член на првата професионална организација на нашите простори – Mischievous eSports, се до 2018та година каде што преминува во улога на Бренд Менаџер во истата организација. Во 2016год. завршува универзитетски студии по економија . Неговата активност во е-Спортот завзема и дел во организација на повеќе гејминг настани на локално ниво до денешен ден. Неговата најголема амбиција моментално е да го развие е-спортот на македонските простори и да овозможи подобри услови и можности за младите таленти.