Кратка Биографија
Давид Николовски роден е на 07.02.1999 година во Скопје. Моментално е студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Развива страст кон гемингот од мала возраст, особено спрема игрите Counter-Strike: Global Offensive и Dota 2. Освен електронските спортови тој е голем љубител на фудбалот, кошарката и шахот.
Во 2019 година бележи успех освојувајќи го првото место на „Универзитетско првенство на УКИМ во Шах“. Според него, еспортот треба да се смета за официјален и сериозен спорт бидејќи тој е во подем и е интегрален дел од нашето секојдневие. Беше еден од координаторите за Dota 2 настанот на A1 Game Fest 2019. Почнувајќи од 2020 година, Давид е член на МЕСА и е во секторот за маркетинг и социјални мрежи.