MESA Gaming Weekend
Од 15.08 до 17.08.2020 се одвиваше првиот Gaming Weekend, настан составен од 3 помали турнири во 3 различни дисциплини. Ова беше викенд за паметење на љубителите на Dota 2, Clash Royale и Шах онлајн. Овој Gaming weekend започна со еден на еден турнир во реномираната Dota 2, каде што играчите ја одмерија нивната подготвеност и способност. Првото место го освои Ардијан “Allyson” Асани кој го совлада во големото финале својот противник Петар “Tanka” Ѓешкоски. Третото место го обезбеди Горазд “Gogo” Мамуровски.
Вториот ден од овој геминг викенд беше резервиран за Clash Royale, игра која меѓу првите го популазираше ``мобилниот`` гејминг. Овде во финалето силите си ги измерија Дамјан Крстев и Димитриј Банов каде што по 2 пресврта Крстев издвои победа. На трето место заслужено беше Александар Зозовски.
Овој возбудлив викенд заврши со еден од светските реномирани класици - шах. Голема благодарност до Chess.com каде што се одржа севкупниот онлајн шах турнир. На наше огромно задоволство имавме учесници што ја носат титулата на “Веле Мајстор” односно ”Интер Мајстор”.
Најдобрите тројца на овој турнир беа победникот Филип Михов, второпласираниот Тони Лазов и третопласираниот Оливер Органџиев.
Уште еднаш упатуваме голема благодарност и до нашите пријатели: Neotel MKD, Neksio, CHESS CLUB GAMBIT ASSECO-SEE & FRIENDS, GG.MK и Lynx Studios.