Preloader Image

CS:GO

Ретко кој би можел да каже дека нема слушнато за Counter Strike франшизата на Valve corporation. Првата игра од оваа франшиза дебитираше во 1999 година и од тогаш па се до ден денес доживува огромен подем. Почнувајќи со Counter-Strike 1.1 па се до нивниот најпознат следбеник и една од најпопуларните игри на сите времиња Counter-Strike 1.6 која датира од 2000та година и се до 2012та година кога започнува ерата на Counter Strike:Global Offensive. CS:GO е една од најдинамичните и најпопуларните видео игри во универзумот на еспортот, во која целокупниот број на играчи на оваа игра се зголемува од ден во ден.

Датум на излагање : 21 Август 2012год.
Компанија : Valve Corporation
Рекорден број на играчи месечно : 17.2 Милиони
Рекорден број на играчи дневно : 1.2 Милиони

 


 

DOTA2

Продолжението на играта Defense of the Ancients е една од најиграните мултиплеер видео игри во која две екипи од пет играчи се натпреваруваат за колективно уништување на главниот трон заштитен од спротивната екипа. Далечната 2003та започнува ерата на МОБА игрите (multiplayer online battle arena) со предхоникот на Dota2, “Defense of the Ancients” кој беше модификација од играта Warcraft III: Reign of Chaos. Секоја година се издаваат награди со целокупна вредност од околу 50 милиони долари и светот на оваа игра секоја година станува се поголем и поголем.

Датум на излагање : 9 Јули 2013год.
Компанија : Valve Corporation
Рекорден број на играчи месечно : 11.2 милиони
Рекорден број на играчи дневно : 1.29 Милиони

 


 

FORTNITE

Fortnite делото на Epic Games компанијата е меѓу првите игри во Battle Royale жанрот која доживеа огромен подем во еспортот. Стилот и начинот со кои оваа игра се разликува од другите Battle royale игри е механизмот на градење коj е еден од основите на Fortnite.

Датум на излагање : 26 Септември 2017год.
Компанија : Epic games
Рекорден број на играчи месечно : 78.3 Милиони
Рекорден број на играчи дневно : 10.8 Милиони

 


 

LEAGUE OF LEGENDS

Оваа игра е првиот проект на фирмата Riot која веќе 11 години е една од најпопуларните видео игри во жанрот на МОБА(multiplayer online battle arena) игрите. Бројот на уникатни играчи на оваа игра изнесува околу 110 милиони, бројка која се должи на редовните новости кои се додаваат во играта, аспект кој е многу битен за да се заддржи заинтересираноста и вниманитето на играчите.

Датум на излагање : 27 Октомври 2009год.
Компанија : Riot Games
Рекорден број на играчи месечно : 67 Милиони
Рекорден број на играчи дневно : 7.5 Милиони

 

 

 

CLASH ROYALE

Оваа игра е една од најпопуларните игри во светот на мобилните игри. Првиот што ќе може да ги одбрани кулите со помош на колекционирање на карти и користење на истите притоа уништувајќи ги кулите на противникот ќе биде победник . Брза, динамична, графички привлечна и достапна за сите корисници на мобилни телефони, па затоа е посетeна од преку 700 милиони играчи.

Датум на излагање : 2 Март 2016год.
Компанија : Supercell
Рекорден број на играчи месечно : 350 Милиони
Рекорден број на играчи дневно : 45 Милиони

FIFA20

Светскиот гигант во гејминг индустријата EA Sports секоја година не успева да разочара со фудбалската франшиза FIFA. Во секоја нова верзија на оваа игра гледаме бројни подобрувања како и зголемување на бројот на корисници секоја година. Од 2018та година па наваму FIFA ги има обезбедено правата за Лигата на шампионите и Европа лига, а новост за првпат во FIFA20 е можноста да се игра 5v5 односно футсал.

Датум на излагање : 27 Септември 2019год.
Компанија : Electronic Arts
Рекорден број на играчи месечно : 4.5 Милиони
Вкупен број на уникатни играчи : 23 Милиони


TEKKEN7

Tekken франшизата го прослави својот 20ти роденден со својата 7ма уникатна верзија. Tekken 7 се враќа на своите корења со своите класични 1v1 битки, и со приказна која со текот на играње на самата игра ве внесува во светот на Tekken. Содржи уникатни движења на тепање и потребно е одредено искуство за да се дојде до победата.

Датум на излагање : 18 Март 2015год.
Компанија : Bandai Namco Studios
Рекорден број на играчи месечно : 310.000
Вкупен број на уникатни играчи: 5.6 Милиони

контактирајте не за важни прашања
потенцијални спонзорства
придружување во организацијата

Social